top of page

АВСТРАЛИЈА

Ау.jpg

Претставници сме на сите акредитирани универзитети и колеџи од Австралија. 18 годишно искуство во процесирање на студентски визи. Главна канцеларија во Сиднеј. Регистрирани агенти за едукација и миграција

www.amsbbgroup.com  

Дел од нашите партнер универзитети се:

University of New South Wales                                                                                           

The University of Notre Dame Australia                                

University of South Australia                                                 

Southern Cross University                                                    

Australian Catholic University                                               

Charles Darwin University                                                                                                                        

University of Canberra                                                          

La Trobe University                                                              

University of Canbera                                                           

University of Tasmania                                                         

University of Sydney                                                            

Deakin University                                                                 

Murdoch University                                                                                                                           

Swinburne University                                                           

Flinders University                                                               

University of Technology Sydney                                         

Kaplan Business School

Western Sydney University

University of Adelaide

Federation University

Charles Sturt University

Curtin University

Macquarie University

University of Wollongong

Monash University

University of Sunshine Coast

University of Newcastle

The University of Western Australia

Victoria University

Torrens University

Griffit University

Edith Cowan University

Charles Darwin University

Central Queensland University

Le Gordon Bleu Australia

The University of Queensland

 

Курс по англиски јазик 

Доколку не сте сигурни во своето знаење на англискиот јазик и не сакате веднаш да запишете додипломски или постдипломски студии во Австралија или пак Ви е потребно време за да го усовршите јазикот и да се вклопите во новата средина, курсот по англиски јазик е идеална опција.

Видови на курсеви

  • Основно ниво (General English) - Доколку сакате да го унапредите својот англиски јазик за секојдневна употреба, патувања или за деловни цели, тогаш овој вид на курс е најдобар избор за Вас.

  • Англиски јазик за академски цели (English for Academic Purposes) - Доколку сакате да студирате на некој од австралиските универзитети или колеџи, со посетување на овој курс можете да се подготвите за студии.

  • Подготовка за полагање на тестови (IELTS Preparation) - Доколку планирате да полагате тестови како што се IELTS, TOEFL, TOEIC или некои други, овој курс е вистински избор.

Исто така, постои можност и за комбинирање на курсеви, што претставува дополнителна погодност. (пример English for academic purposes и факултет, мастер студии и сл.)

Цени на курсевите за англиски јазик

Школарините се движат од 350 до 400AUD на неделно ниво, додека нашите студенти можат да студираат поевтино по промотивни цени од 180 до 220AUD неделно.

Услови и предности на посетувањето на курсот по англиски јазик во Австралија

  • Доколку не сте сигурни во своето знаење на англискиот јазик или не сте ја достигнале посакуваната оцена на тестот IELTS,TOEFL и сл. курсот по англиски јазик може да биде вистинскиот избор за Вас, тргнувајќи од тоа дека за упис не е неопходен положен тест по англиски јазик.

  • Имате можност секој понеделник да започнете со посетување на курсот.

  • Можете многу побрзо да го унапредите знаењето по англиски јазик отколку ако посетувате курс во Вашата матична земја.

  • Учењето на англискиот јазик можете да го искористите како период за прилагодување на новиот начин на живот, новата култура и на оддалеченоста од семејството.

  • По завршувањето на курсот по англиски јазик можете да ја продолжите студентската виза за Австралија и да ги продолжите своите студии.

 

 

 

Додипломски студии во Австралија (факултет)

Додипломски студии во Австралија нудат универзитетите, приватните колеџи и некои TAFE институти и истите вообичаено траат од три до четири години.

Цена на додипломските студии

Школарините за додипломски студии се движат од 17,000AUD до 32,000AUD на годишно ниво и плаќањето е семестрално.

Услови и предности за посетување на додипломски студии во Австралија

  • Нашите дипломи за продолжување на студирањето се признати и не е потребна нивна нострификација

  • Temporary Graduate (Post Study Work) виза по студирањето

  • Просечната оцена на тестот IELTS мора да биде 6 и ниеден поединечен дел да не биде под 5.5, но ова во голема мера зависи и од областа на студирање

  • Академската година започнува во март и во јули, а некои универзитети нудат и почеток на студиите во ноември

  • Извонреден квалитет на образованието

 

 

 

 

Стручни (VET) програми во Австралија

Стручните програми, во Австралија попознати како Vocational Studies или скратено VET програми, се креирани така што развиваат практични и професионални вештини кои на студентите им го олеснуваат наоѓањето на работата и напредокот во кариерата.

Според степенот на образование, стручните програми следат по средното образование, а пред додипломските студии, така што најмногу би одговарале на вишите школи кои постојат во нашите региони.

Нивоа на стручни програми:

  • Сертификат I-IV

  • Диплома

  • Advanced diploma

 

Цена на стручните програми

Школарините за стручните програми се движат од 6,000AUD до 17,000AUD на годишно ниво. Приватните колеџи даваат пофлексибилен план за плаќање, па плаќањето може да биде квартално или дури и месечно.

Услови и предности на посетување на стручните програми во Австралија

  • Работодавците ги ценат стручните програми затоа што се фокусирани на развојот на неопходните вештини кои се барани на современиот пазар.

  • На државните колеџи генерално постојат два уписни рока и наставата почнува во февруари и јули секоја година. На приватните колеџи може да постојат четири или повеќе уписни рокови и наставата може да почне во февруари, април, јули и октомври

  • Стручните програми може да бидат поповолен и поедноставен начин доколку подоцна сакате да стекнете диплома од високо образование бидејќи универзитетите ги признаваат испитите од стручните програми па ќе Ви биде потребно помалку време за да ја стекнете оваа диплома

  • На тестот IELTS генерално се бара просечна оцена 5.5 и ниеден дел да не биде под 5, но ова во голема мера зависи и од областите на студирање

  • Курсевите за стручно образование, исто така, може да обезбедат кредит и за додипломските студии

 

 

 

 

 

Мастер студии во Австралија

Мастер студии главно се нудат на универзитетите и овие студии траат од една до две години.

 

Цена на мастер студиите

Школарините за мастер студиите се движат од 13000AUD до 40000AUD на годишно ниво и се плаќаат семестрално.

 

Услови и предности на посетувањето на мастер студии во Австралија

Завршени додипломски студии

Положен меѓународно признат тест за англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE..) со минимална оцена од 6.5 и ниеден дел да не биде под 6 на тестот IELTS, но ова во голема мера зависи и од областа на студирање

Нема приемен испит за упис на мастер студии

Нашите дипломи за продолжување на студирањето се признати и не е потребна нивна нострификација

Temporary Graduate (Post Study Work) виза по студирањето

 

 

Graduate Сертификат и Диплома во Австралија

Програмите Graduate Сертификат и Диплома се соодветни опции за оние студенти кои би сакале да ја надоградуваат својата професија и по завршените додипломски студии, а не сакаат да се запишат на мастер програми.

Цена на програмата Graduate Сертификат и Диплома

Школарините за програмите Graduate Сертификат и Диплома се движат од 12.000AUD до одредени 30000AUD на годишно ниво и се плаќаат семестрално.

Услови и предности на посетувањето на програмата Graduate Сертификат и Диплома во Австралија

  • Завршени додипломски студии на кои главно се надоврзува програмата Graduate Сертификат и Диплома, на која сакате да се запишете

  • Положен меѓународно признат тест за англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE..) со минимална оцена од 6.5 и ниеден дел да не е под 6 на тестот IELTS, но ова во голема мера зависи и од областа на студирање

  • Потребно Ви е помалку време за да ги завршите овие програми

  • Помалку чинат во однос на мастер програмите

  • Можете да ги унапредите Вашите понатамошни можности во кариерата и понатамошната заработка

 

 

Студентска виза за Австралија (поткласа 500)

За да студирате во Австралија на која било студиска програма која трае подолго од 3 месеци, потребно е да имате студентска виза.

Услови за студентска виза

Условите кои треба да ги исполните за студентска виза се:

  • Упис на студиска програма на некоја од австралиските образовни установи

  • Доказ за упис (confirmation of enrollment)

  • Да имате положено некој од меѓународно признатите тестови за англиски јазик (IELTS, TEOFL, PTE...). Исклучок постои ако запишувате курс по англиски јазик во Австралија. Тогаш не Ви е потребен положен тест

  • Доказ дека планирате да останете во Австралија привремено

  • Доказ за финансиската способност (финансиска гаранција). Со тоа потврдувате дека можете да ги покриете трошоците за студирање, живот и патување во Австралија

  • Исполнети услови кои се однесуваат на карактерот

  • Платено соодветно здравствено осигурување (OSHC - Overseas Students Health Cover)

  • Државјаните на одредени земји треба да докажат дека се во добра здравствена состојба

Што овозможува студентската виза

Со студентската виза можете да студирате на австралиските образовни установи кои се регистрирани на CRICOS. Таа исто така овозможува со себе да земете и членови од Вашето семејство.

Со студентската виза вообичаено можете да работите со скратено работно време, значи до 20 часа неделно, а за време на распустот и со целосно работно време.

Времетраење на студентската виза

Се издава за периодот на траење на студиската програма плус два месеца, доколку програмата трае подолго од 10 месеци, односно плус еден месец доколку програмата трае помалку од 10 месеци. Може да се издаде за максимален период од пет години.

Аплицирање за студентска виза

За студентска виза се аплицира он-лајн преку страницата на имиграциската служба на Австралија.

Такси и време на обработка

Таксата за изработка на апликацијата за студентска виза изнесува 650AUD. Просечното време на изработка на апликацијата е околу еден месец.

Ќе очекуваме да ни испратите фотографии и да ги слушнеме вашите импресии од новата работа и новата средина.

Copyright text: Asteria World Work, Jan 2018

          Ц                                         

bottom of page