Ау Паир
Германија, Франција, Италија и Шпанија
Потребни услови
-
Дали сте на возраст од 18-25 години?
-
Дали имате искуство со чување на деца и дали ги сакате децата?
-
Сакате да запознаете нови лица/култури?
-
Дали сакате да заработите 260 Евра месечно работејќи како ау паир?
-
Имате искуство со извршување на домашни задачи?
-
Добро се справувате со домашни задачи?
Ако ги одговоривте овие прашања со “да”, тогаш ние ја очекуваме вашата апликација.
Со задоволство ќе ви понудиме внимателно избрано семејство за вас.
На нашите ау паир, им нудиме бесплатни совети и подршка 24/7. Секоја ау паир ќе добие контакт адреса од други девојки ау паир во тој регион и ќе има можност да учествува на сите заеднички средби и патувања.
Потребна документација
Ако ги исполнувате условите наведени погоре, потребно е да ги доставите следните документи:
- Пополнета апликација
- Писмо до семејството домаќин (1-2 страни, за вас, вашите интереси и хоби, 2-3 фотографии со децата)
- Копија од пасошот и личната карта, препорака за карактерот, препорака за чување деца, лекарско уверение и потпишан договор за ау паир
Обврски на ау паир
Распоредот со задачи треба да ги извршувате се разликува од семејство до семејство.
Еве некои примери:
-Грижа за децата, играње со нив, носење/земање до градинка/училиште;
-Грижа за бебињата, менување пелени, и сл.;
-30 работни часа неделно (вклучено и чувањето на деца);
-Пазарење;
Помош околу домашните задачи како:
-Чистење со правосмукалка, бришење прашина, пеглање на детската постелнина, перење на алиштата(во машина),
-подготовка на оброци за децата,
-кога семејството е отсутно, ау паир треба да се грижи за целото домаќинство.
Напомена:
Секое семејство има посебни барања од ау паир и различен распоред со задачи. Вие го избирате семејството пред да заминете. Доколку не ви се допаѓаат условите кои ги нуди едно семејство, може да ја одбиете понудата и да чекате да ве контактира друго семејство.
Трошоци
-
Трошоци за пристигнување/ заминување,
-
Лекарско уверение
-
Трошоци за виза во амбасада
-
Трошоци за процесирање,