top of page

РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

 

 

 

Дел од работните места кои најчесто ги избираат студентите се:

 

 

HOSTESS – задачи на хостесата се да прима резервации, да ги пречекува и да ги поздравува гостите, да ги распределува по масите во салата и да носи мени на гостите. Често хостесите добиваат и бакшиш.

 

CASHIER – Касиерот работи на каса. Одговорен е за сите прашања поврзани со парите, затворање на сметката и сите трансакции со кредитни картички.

 

FOOD SERVER/WAITER – Задолжени да примаат нарачки, служат пијалоци и храна. Оваа позиција често има мали сатници но високи напојници.

 

BUS PERSON – помага на food server/waiter и ги надгледува, чисти столови по заминувањето на гостите и припрема прибор и маси за следните гости. Често вклучува и бакшиш. Американците оставаат бакшиш од 15-20% од вкупниот износ на сметката.

 

FOOD RUNNER – задолжени за полнење на количките за превоз на храна , припрема на зачини, полнење на апаратите со врела вода или лед по потреба, складирање на храна, и сл.

 

DISHWASHER –должност е миење на садови, одржување на хигиена во кујната и помошните простории.

 

BARTENDER – работа на шанк во бар или ресторан. Задолжен за припрема, служење на пијалоци. За оваа работа е потребно претходно искуство.

 

BAR BACK – должност е помош на шанкерот, складирање и носење на пијалоци, одржување на хигиената и сл.

 

FRONT DESK – пречек на гостите во хотелот, примање на резервации, давање на информации на гостите. Потребно е одлично познавање на англискиот јазик

 

BELL STAFF – носење на багажот од гостите при доаѓање/заминување на гостите. Топло пречекување на гостите на влезот во хотелот или лоби.

 

HOUSEKEEPING – секојдневно одржување на хотелските соби и одржување на хигиената во хотелот. Минимално познавање на англискиот јазик.

 

KITCHEN HELP – помош на куварите во кујна.

 

ROOM SERVICE – доставување нарачки на гостите по собите.

 

Останатите работни позиции вклучуваат работа во забавни и национални паркови, продавници, спасувачи на базен, и сл.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

bottom of page