Обединетите Арапски Емирати или ОАE се држава во Југозападна Азија. Се наоѓаат на полуостровот Арабија. Се состојат од седум емирати. Главен град е Абу Даби.

 

Етимологија

Името на државата Обединети Арапски Емирати е самото описливо. „Обединети“ се однесува на федералниот систем на управување на државата, „арапски“ се однесува на етно-географското потекло на народот и регионот a „емирати“ се федералните единици каде управува емир.  

 

Историја

Обединетите Арапски Емирати се изворно формирани од организираниот Арапски Полуостров низ јужниот брег Персискиот залив и северозападниот брег на заливот на Оман. Тоа е дел на Оман и затоа е наречен Заливот на Оман . ОАЕ се создадени во 1971 кога емиратите се одединиле во една обединета држава . Таа е развиена во модерна високо-доходна држава.

 

Географија и клима

Oбединетите Арапски Емирати се сместени во Југозападна Азија граничејки со Оманскиот и Персискиот Залив. Помеѓу Султанството Оман и Саудиска Арабија.Обединетите Арапски Емирати лежат помеѓу 22°50′ и 26° СГШ и помеѓу 51° и 56°25′ ИГД .Со 530 км граничи со Саудиска Арабија на запад, југ и југоисток, а со 450 км граничи со Оман на југоисток и североисток. Земјата граничи и со Катар во Хавр ел-Удајд, област која е прототип за актуелен конфликт.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Политички систем

Претседателството и Премиерството на Обединетите Арапски Емирати наследно од родот (кланот) ел-Нахјан на Абу Даби и родот ел-Мактум од Дубаи. Врховното собрание,тоа го сочинуваат 7 емирати, Се бира и Совет на министри додека еден член е именуван од 40 членови. Тука е и сојузниот судски систем на сите емирати, освен Рас ел-Хајма кој е зачленет во сојузниот систем. Шеикот Зајед ел-Султан ел-Нахјан бил претседател на унијата се до 2 ноември 2004 г, односно до неговата смрт. Врховното собрание го назначи за претседател Халифа бин Зајед ел-Нахјанм сино на Зајед бин Султан. Опати (2008) ги опишуива владините политичари во ОАЕ како една елитна класа на кралски владетели кои ги донесуваат сите одлуки во земјата во поглед на политиката и економијата во која се спроведува сè посовремена бирократија.

 

Административна поделба

ОАР се состои од седум емирати. Најнаселен е Абу Даби, со 38% од земјата. Во градот Дубаи живеат уште 30% од жителите, што значи дека во овие две подрачја живеат над две третини од населението.

 

 

Економија

Соединетите арапски емирати имаат рапидно растечка економија и високи стандарди. По економско производство е 14 место во светот и трето на Блискиот Исток по Катар и Кувајт. Има повеке различни проценувања на растењето на економското производство во ОАЕ. Како и да е, сите статистики покажуваат дека ОАР моментално има една од најбрзорастечките економии во светот. Според скорешен извештај на министерството за финансии, економскита трговија се покачила за 35% во 2006 година на 175 милијарди долари, во споредба со 130 милијарди во 2005 година. Иако ОАЕ стануваат сè помалку зависни на природните ресурси за развој на економијата, извозот на нафтата и земен гас сѐ уште игра важна улога во економијата. Огромниот градежен расцут и сè поголемата производна основа останати услуви им на помагаат ОАЕ да ја пренасочи својата економија. Во земјата моментално има вложени 350 милијарди долари во активни градежни проекти. Едни од тие проекти се Бурџ Халифа ,Аеродромот во Дубаи и Палмините Острови - најголеми уметнички вештачки острови во светот. Потоа следуваат, „Дубај Мол“, кој претставува најголемиот трговски центар на светот, и рачно направениот архипелаг наречен „Свет“, предвиден да ја прошири брзорастечката туристичка дејност. Во забавниот сектор игра улога „Дубаиленд“, двојно поголем од Дизниленд. Спортскиот град - Дубаи вдомува спортски групи, со можност и за приредување на олимпијада.

 

                  

                    

        

 

 

 

 

 

 

 

       

 

 

 

 

      

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Абу Даби е главен град и втор најголем град во Обединетите Арапски Емирати. Абу Даби лежи на остров во Т-форма во Персискиот залив од страна на централниот западен брег. Градот се простира на површина од 67.340 км2, а во него живеат 859.749 (податоци од 2008). Во Абу Даби се наоѓаат значајни градби на сојузната влада, градот е седиште на Владата на Обединетите Арапски Емирати.Во него се наоѓа и домот на кралското семејство. Абу Даби прераснa во космополитска метропола. Неговиот брз развој и урбанизација, во комбинација со релативно високиот просечен приход на населението, го менува Абу Даби.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Денес, градот е политички центар на земјата, центар на индустријата, како и најголем културен и трговски центар и поради својата положба како главен град. Градот сам учествува до 15% од вкупниот БДП на Обединетите Арапски Емирати. Абу Даби е дом на важни финансиски институции како што се берзата во Абу Даби, Централната банка на Обединетите Арапски Емирати и корпоративното седиште на многу компании и на повеќе мултинационални корпорации. Како главен град на земја, која е меѓу најголемите светски производители на нафта, Абу Даби активно ја шири својата својата економија во последните неколку години преку инвестиции во финансиските услуги и туризмот. Абу Даби е трет најскап град во регионот, и 26 најскапиот град во светот.

 

 

Историја

Градот е основан во 1760 година. за градот е врзана една прекрасна легендаАрапите-ловци од една оаза бркале газела. Газела долго трчала во пустината, а потоа го довела ловците на на брегот на Персискиот Залив, каде се нурнала во водата и продолжила до островот. Ловците ја следеле, а газелата ги довела до извор на прекрасна слатка вода. Со благодарност, ловците газелата ја оставиле да живее, а во околината на изворот, се населиле и местото го нарекле „татко на газела„ што на арапски звучи како Абу Даби.

 

Географија

Градот се наоѓа на остров во Персисикиот залив, на околу 250 m од брегот на Арапскиот полуостров Островот е поврзан со копното со два сообраќајни моста. Голем дел од градот се наоѓа на островот, но има и населби, кои се наоѓаат на копното, како што се: Халифа А, Халифа Б, Рана Бич, меѓу два моста, Банија и Резиденцијата Мусафа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Клима

Климата во Абу Даби е сува и жешка. Сонцето и синото небо се типични за сите периоди од годината. Периодот од април до септември е влажен, со високи температури, чиј просек е над 40 °C. Во тоа време, можна е и појавата на песочни бури, при што намалувањето на видливоста е и до неколку метри.

Од ноември до март е постудено. Во овој период можна е и појавата на слаба магла, а во некои денови можни се и врнежи. Просечната дневна температура во овој период од годината е околу 25 °C. Во оазата Ал-Аин, одалечена на околу 150км јужно од градот, во близина на границата со Оман, се регистрирани највисоките температури во земјата. Сепак, пустинската клима и свежите утра, овозможуваат околу градот во текот на целата година да се разликува период на жешко лето и влажен период.

 

Превоз

Старите такси-автомобили во Абу Даби, беа заменети со нови, со сребрена боја.

Главен вид на превоз во градот е такси. Во градот има широки и современи улици, со три ленти во секоја насока. Интересно е што во правец север-југ се протегаат патиштата, а во правец исток-запад улиците. Средината на улицата е поделба Ивица, кој обично е поддланка. Во средината на улиците, обично има тревни области, во кои се засадени палми.

 

Економија

Главниот економски центар е во северниот дел од градот, каде се наоѓаат неколку административни и финансиски центри, во населбата Корниш. Во овој дел од градот се изградени високи облакодери, а населбата е наречена „Менхетен на Блискиот исток“. Остатокот од градот се вили на богатите жители на градот. Развојот на градот и неговиот современ изглед бил забрзан уште во 1980-тите. Но, и покрај овој развој, развојот на Дубаи во моментов, го прави градот Абу Даби поскромен и понеатрактивен. И покрај тоа, градот учествува со околу 15% од вкупниот БДП на земјата.

 

Образование

Во Абу Даби има неколку меѓународни и локални приватни училишта и универзитети. Во нив се говорат неколку јазици, кои ги зборува населението во градот.

 

                                                                                   

                                                                       

                                                                                        

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дубаи е емират во Обединетите Арапски Емирати. Главен град е Дубаи. Дубаи е лоциран на Арапскиот Полуостров на југоисток од Персискиот залив и има најмногу жители во ОАЕ, а градот Дубаи е втор по големина после Абу Даби. 

Кога во 1966 беше откриена нафтата, дојде до огромен прилив на странски работници, што доведе до ширење на градот за 300%. Модерен Дубаи израсна во 1971 година откако Англичаните го напуштија овој регион. Тогаш Дубаи заедно со Абу Даби и уште 4 други емирати ги формираа Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Наредната година им се приклучи и Рас ал Каима, додека Катар и Бахреин останаа независни.

Денеска Дубаи е модерен град и бизнис центар на Блискиот Исток. Иако неговата брзорастечка економија се базира на нафтата, тој е воедно и туристички центар, центар за недвижнни и финансиски услуги.

 

Во поново време Дубаи го фасцинира светот со своите градежни проекти и спортски настани.

 

Посебно внимание се обрнува на развој на работничките и човечки права и поради тоа – Дубаи е посакувана дестинација за работа и туризам на Блискиот Исток.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

АБУ ДАБИ

ДУБАИ

 ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ