Some people dream of success. We make it happen.

За нас

 

Агенцијата за вработување Пешиќ е лиценцирана агенција за посредување при вработување во земјата и во странство и за својата работа поседува лиценца издадена од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

 

Имаме повеќе од 10 години професионално искуство во селекција, интервјуирање,тестирање, обучување, процесирање ,организирање интервјуа и вработување на нашите апликанти преку партнерски договори со најпознатите светски хотели, трговски центри, болници, бродски компании, спа центри, луксузни продавници, градежни компании,фабрики,училишта... Во нашата база на апликанти имаме заинтересирани кандидати за работа од најразлични професионални профили.

 

Со седиште во Скопје, имаме свои претставништва и во Србија,Косово,Албанија и Босна и Херцеговина.

 

Мисија

Фокусирани сме да обезбедиме успешни долгорочни решенија за вработувања на Балканот, Европа, Велика Британија, САД, Канада, Австралија, Блискиот Исток(ОАЕ, Дубаи, Абу Даби, Катар, Бахреин,Кувајт, Саудиска Арабија).

 

Настојуваме да ја работиме нашата работа со највисок степен на професионалност, да работиме во согласност со највисоките светски стандарди, да градиме долгорочни деловни односи, и да ги оставиме задоволни и нашите апликанти и нашите партнери.

 

Главната канцеларија се наоѓа во центарот на Скопје а имаме и најмодерен едукативен и тренинг центар од 500м2 во резиденцијалниот дел на Водно каде што вршиме едукација, презентации, подготвителни обуки и обуки за доквалификација на најразлични видови работни профили според потребите на нашите партнери од земјата и од странство. Обуките се на англиски јазик и ги изведуваат професори со долгогодишно искуство а по успешното завршување на обуките добивате сертификат.Нашиот тренинг центар располага со најмодерна опрема. Тука нашите партнери од странство, т.е. работодавачите ги вршат интевјуата за работа во најсовремени услови.  Наша визија и желба е овој тренинг центар да прерасне во високо образовна институција.

 

Нашата агенција исто така има и студентски програми за образование, јазични курсеви , културна размена, кампови за млади. Со нашето искуство и стручност сакаме да им помогнеме на младите да се школуваат, да патуваат, да го откријат светот и да се вработат.

 

Со студентските програми и програмите за културна размена сакаме да им помогнеме на младите да ги откријат другите култури и начин на живеење, да патуваат, да стекнуваат нови пријателства и да заработат. Дел од програмите се: бебиситерки во САД, Европа и Австралија, јазични курсеви низ целиот свет, кампови за млади, школување на најпознати светски универзитети и многу други.

 

Цел ни е да бидеме најдобра агенција за вработување и за студентски програми на Балканот и пошироко, агенција од избор и доверба.

 

Нашиот тим од искусни професионалци ви е на располагање.

 

 

????Нашата сестринска фирма, Ординацијата Дермамедика , веке 19 години е докажан лидер во дерматологијата на Балканот. својата www.dermamedika.com.mk?????

THE WORLD CAN BE YOURS!