ПОСТАПКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Потребно е да присуствувате на информативна презентација за вработување на брод 

  • Треба да доставите CV на англиски јазик, во кое ќе го наведете вашето образование, работно искуство, професионални квалификации, вештини кои ги поседувате, познавање на странски јазици 2 фотографии пасошки формат на бела позадина.

  • Во нашата канцеларија ќе пополните апликација за вработување и изјава дека сте запознаени со условите и процесот за вработување.

  • Ќе бидете интервјуирани на англиски јазик за да ги утврдиме вашите квалификации и ќе ве насочиме за која работна позиција и бродска компанија сте најсоодветен апликант.

  • Ќе ви организираме интервју со бродска компанија. Интервјуата се лични и се реализираат во Скопје или ќе ви биде закажано Skype интервју, кое ќе се реализира исто така од нашите канцеларии.

 

После интервјуто

Откако успешно ќе го поминете интервјуто со бродската компанија и сте согласни со сите услови за работа кои ви се понудени, ќе треба да чекате датум за заминување. Периодот за чекање на датум за заминување е од една недела до една година после интервјуто и зависи исклучиво од потребите на бродската компанија.

Кога апликантот ќе добие датум компанијата ни испраќа работно писмо кое ги содржи сите потребни информации како : датум за заминување, пристаниште,должина на договорот, име на бродот, ваш ID број и сл.

 

Лекарски преглед

Ќе ви организираме медицински преглед кој се врши во овластена здравствена установа и ги содржи сите испитувања кои ги бара бродската компанија. Доколку некој апликант не го помине овој преглед, автоматски ќе биде дискфалификуван од вработување.

 

Виза

Ќе ве информираме на време кои документи се потребни за аплицирањето за виза во соодветната амбасада. Ќе ви закажеме термин за интервју за виза во амбасадата и ќе ви помогнеме со сите формулари за замбасада.

 

Авио билет

Ќе ви помогнеме да најдете авионски билет за да се осигураме дека навреме ќе пристигнете. Некои бродски компании испраќаат авио билети и во тој случај ќе ви ги објасниме деталите за летот.

 

Хотел / локален агент

Пред за заминете, ќе добиете информација за хотелот каде што ќе преноќите пред дасе качите на брод и информација за локалниот агент.

 

Ние ќе бидеме тука за вас, да ви ја дадеме целата потребна подршка,совети и помош 24/7.