САУДИСКА АРАБИЈА

Саудиска Арабија е најголемата држава на Арапскиот Полуостров.

 

Се граничи со Јордан на северозапад, со Ирак на север и североисток, со Кувајт, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати на исток, со Оман на југоисток и со Јемен на југ.

 

На североисток излегува на Персискиот Залив, а на запад на Црвеното Море.

 

Главен град е Ер Ријад. На територијата на Саудиска Арабија се наоѓаат двете најсвети места на исламот, Мека и Медина.

 

Саудиска Арабија е апсолутна монархија, основана на 8 јануари 1926 година од страна на Саудиското кралско семејство.