БАХРЕИН

Кралството Бахреин (Mamlakat al-Baḥrayn, буквално: „ Кралство на двете мориња “) или само Бахреин е мала островска држава во Персискиот Залив која е управувана од кралското семејство Ал Халифа. Бахреин е опколен со водите на заливот, на запад се наоѓа Саудиска Арабија, Катар на југоисток со кој е одделен со Бахреинскиот Залив.

 

Бахреин е поврзан со Саудиска Арабија со автопатот Крал Фахд кој e пуштен во употреба на 25 ноември 1986 година. Покрај тоа, се планира автопат со кој Бахреин би се поврзал со Катар.

 

Државата е позната по својата нафта и бисери. Главен град на државата е Манама и официјален јазик е арапскиот јазик. Вкупното население на Бахреин е 791.000 жители од кои најголем број се Арапи.

 

Бахреин е една од најмалите држави во Азија со само 750 километри квадратни, но доста позната во светот по природните ресурси и формула трките.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Името на државата доаѓа од истоимениот арапски збор што значи „две мориња“. Тоа се однесува на изворите на свежа вода кои можат да се најдат на островите во пространството на морската солена вода. 

Општо гледано, Бахреин е рамна и слабо обработлива држава, со пустински предели. Највисоката точка во државата изнесува 134 метри и се нарекува Џабал ад Духан.

 

Вкупната површина на Бахреин изнесува 665 километри квадратни што е малку поголем од островот Ман во Велика Британија, а помал e од најголемиот аеродром во Саудиска Арабија.

 

Бахреин е островска држава со околу 33 островчиња и има брег од околу 161 километар. Најголеми острови во архипелагот се островот Бахреин, островот Мухарак, Ум ан Насан и Ситрах.

 

Бахреин има благи зими и многу топли лета. Од природните ресурси, Бахреин располага со нафта и природен гас, но исто така и со риболовен потенцијал.

 

Обработливата површина на државата изнесува 2.82% од вкупната површина, додека пустината зазема 92% од државата. Бахреин се соочува со претворање на земјата во пустина и со уништување на коралниот гребен и брегот.