КУВАЈТ

Кувајт или официјално Држава Кувајт е независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. Кувајт се граничи со Саудиска Арабија на југ, со Ирак на север и источно излегува на Персискиот Залив. Кувајт има вкупна површина од 20.000 километри квадратни со население од околу три милиони жители. Главен и најголем град е градот Кувајт, додека пак официјален јазик во емиратот е арапскиот јазик.

 

Историски, регионот бил дел од старата населба Харакена, главно  пристаниште за трговија помеѓу Индија и Месопотамија. До 19 век, Кувајт бил под отоманско влијание и по Првата светска војна Кувајт бил под раководство на Британската Империја. Големите кувајтски нафтени полиња биле откриени во 1930-те години. По стекнувањето на својата независност во 1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот на Заливската војна и интервенцијата на САД.

 

Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење каде градот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви,а петролејот зазема околу 95% од извозот или 80% од приходите на владата. Покрај тоа, Кувајт е единаесета најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава.[7] Кувајт е окаракетризирана како високоприходна економија од страна на Светската Банка и еден од главните партнери на НАТО и САД надвор од сојузите.[8]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Географија и клима

Кувајт се наоѓа во севроисточниот дел од Арапскиот Полуостров и спаѓа во групата на мали држави и е за 5.000 километри квадратни помала од Македонија. Повеќето од територијата на Кувајт е покриена со рамната Арабиска Пустина.

Државата има мала разлика во поглед на надморската височина и највисоката точка изнесува околу 306 метри 

надморска височина.Кувајт има девет острови кои скоро сите се ненаселени,освен островите Фаилака.Најголем остров во државата е Бубија со површина од 860 километри квадратни и е поврзан со копнен Кувајт преку долг мост. Главниот град Кувајт се наоѓа на крајбрежјето. Кувајт е доста богата со нафтени резерви.

 

Политички систем

Кувајт е уставна монархија и има најстар редовно избран парламент во арапскиот свет. На чело на државата се наоѓа емирот. Советот на министри е управуван од премиерот кој е и шеф на владата. Владата мора да има најмалку еден избран член од кувајтскиот парламент. Националното собрание има право на распуштање на премиерот или било кој друг член на кабинетот. Сите членови на кабинетот одговараат пред собранието. Собранието се состои од педесет члена кои се избрани за мандат од четири години.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Економија

БНП по глава на жител во Кувајт изнесува 60.800 американски долари што ја прави петта најбогата држава во светотИндексот на човеков развој на Кувајт е 0.912 што е втор најголем во Среден Исток веднаш зад Израел, но највисок во арапскиот свет. Со среден годишен раст од 5.7%, Кувајт е една од најбрзорастечките економии во регионот. Според Индексот на економска слобода од 2008 година, Кувајт е втора најслободна економија во Средниот Исток.

 

 

Население, јазик и религија

Во 2007 година, се проценило дека Кувајт имал население од околу 3 милиони жители, каде се вброени околу 2 милиони странски државјани. Поради тоа, Кувајќаните се всушност малцинство во споредба со странските државјани кои престојуваат во Кувајт и владата ова го стимулира со доделување на државјанства.Официјален јазик во Кувајт е арапскиот јазик. Голем број од жителите на Кувајт се изјасниле како муслимани. Бројот на муслимани во Кувајт варира од 85% до 95%. Иако исламот е официјална религија во Кувајт, во државата има и голема христијанска заедница со околу 300.000 до 400.000 припадници, хиндуси со околу 300.000 припадници, будисти до околу 100.000.

 

 

 

                                                                           КУВАЈТ (град)

 

Кувајт е главен град и најголем град во Кувајт. Во градот живеат околу од 63.600 жители (2006 проценка), а во поширојката област околу 2.38 милиони. Градот се наоѓа на брегот на Персискиот залив, а е седиште на парламентот на Кувајт (Majlis Ал-Umma), повеќето државни институции, како и седиште на повеќе кувајтски фирми и банки, со што претставува политички, културен и економски центар на емиратот.