КАТАР

 

Катар или официјално Држава Катар е држава во Југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот КатарГлавен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија - емират.

 

Во последните 150-ина години, во политиката на Катар доминира семејството Ал-Тани, од коешто потекнува и сегашниот емир. По крајот на британскиот протекторат во 1971, земјата не се приклучува во Обединетите Арапски Емирати, одбирајќи целосна независност.

 

Најзастапена религија е исламот. Јазикот на мнозинството од населението е арапскиот, односно неговиот локален дијалект. Голем број од жителите се странски државјани кои работат во индустријата за нафта и на земен гас.

 

Во нафтената индустрија доминира владата. Приходите од продажбата на нафта овозможија подобрување на животниот стандард и воведување на социјална држава, слична на оние во Европа. Во 2003, БДП по семејство бил 21 500 американски долари.

Катар е седиште на познатата арапска телевизија Ал-Џезира. Во последно време, земјата забрзано се демократизира. Локални избори првпат се спроведени во 1999, а собраниски избори во 2005.

 

Катар има најголем приход по глава жител во светот и е најголем снабдувач на нафта и природен гас во светот.  Во 2010 година економскиот пораст на Катар бил 19,40%. Главни движечи мотори на брзиот развој и пораст на Катарската економија се големото производство и извоз на течен гас, нафта, петрохемиски производи и слични индустрии од овој вид. По Обединетите Арапски Емирати, Катар има највисок пораст на развој во полето на човечки ресурси во Арапскиот свет. Во 2009 година, Катар се котирал на високото петто место по извоз на пазарот во САД, оставајќи ги задсебе О.А.Е., Израел, Саудиска Арабија и Египет.

 

Според одредени историски извори, името на државата доаѓа од името на античкиот град „Катара“ или Катари, важен трговски град. Зборот Катар, за прв пат се појавил на птоломејска карта за Арапскиот полуостров.

Во стандардниот арапски јазик името се изговара како [ˈqɑtˁɑr], додека локално името се изговара како [giṭar].

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Историја

Скорешни археолошки истражувања укажуваат дека на работ на островот на запад од Катар имало човечки живот во праисторијата. Во текот на ископините, откриен е антички град од 6 милениум п.н.е. именуван како Шагра. На северо-исток од земјата се ископани исто така важни археолошки пронајдоци за животот на Катар во праисторијата.

Исламот се проширил на целиот Арапски полуостров во 7 век, отфрлајќи ги старите верувања.

После вековна отоманска и британска доминација, Катар станал независна држава на 3 септември 1971, но како ден на слободата во Катар се слави 18 декември.

 

 

Географија и клима

Катарскиот полуостров е долг 161 километар. Поголемиот дел од земјата е покриена со песок и со ниски треви. На југот од земјата се наоѓаХор ал Адаид или во превод „внатрешно море“- територија со дини.

Највисоката точка на Катар е Кураин Абу ал Бавл со 103 метри надморска височина и се наоѓа на запад од земјата.

 

 

 

 

Податоци за климата во Катар

 

Месец

Jан

Феб

Maр

Aпр

Maј

Jуни

Jули

Aвг

Сеп

Oкт

Ное

Дек

Просек

Високи °C (°F)

22
(72)

23
(73)

23
(73)

32
(90)

38
(100)

41
(106)

41
(106)

41
(106)

38
(100)

35
(95)

29
(84)

24
(75)

32.3
(90)

Ниски °C (°F)

13
(55)

13
(55)

17
(63)

21
(70)

25
(77)

27
(81)

29
(84)

29
(84)

26
(79)

23
(73)

19
(66)

15
(59)

21.4
(70.5)

 

 

 

Право на религиска определба

Владата на Катар ги користи сунитските закони како основа за криминалните и граѓанските регулативи. Во државата се почитува одредена религиска толеранција. Странските граѓани имаат право да се поистоветуваат со други религии освен Исламот, како на пример Христијанството, Хиндуизмот, Сикизмот или Будизмот, сè додека тие не се приватни работи и не го нарушуваат „јавниот ред“ и „морал“. Во март 2008 година црквата „Нашата дама од Розари“ била осветена во Доха. Сепак, таму не биле дозволени мисионери, не се дозволиле ѕвона, крстови и останати христијански симболи на објекот.

 

 

Алкохол и храна

Конзумирањето алкохол во Катар е дозволено но со голем број ограничувања. Луксузните хотели и ноќни клубови може да продаваат алкохол на возрасни лица кои не се Муслимани. Конзумацијата и поседувањето алкохол надвор од наведените места не е легално, освен во приватни простории каде лица кои не се Муслимани имаа стекнато дозвола за истото од Катарската дистрибутивна компанија. На јавните места не смее да се има алкохол, освен кога се пренесува од едно место до друго, но и тпогаш треба да се има дозвола. Со закон се казнува возење во пијана состојба, понудување алкохол на малолетен или Муслиман и пиење на јавно место. Исто така во државата не е дозволен увоз на свинско месо и нема продажба на свински производи, поради исламските вредности.

 

        

Административна поделба

Катар се дели на 7 општини почнувајќи од 2004 г. Со реформите е создадена новата општина Дајен од делови на Ум Салал и Хор. Гуварија е споена со Хор, Џумалија со Рајан; Џарајан ел-Батна е поделен помеѓу Рајан и Вакра, а Месајид е споен со Вакра.

За статистички цели, општините се делат на 87 зони, кои пак понатаму се поделени на блокови.

 

 

Економија

Пред да се открие нафтата, економијата на Катар се фокусирала на риболов и производство на бисери По појавувањето на јапонските бисери, овој бизнис во Катар пропаднал. Во 1940-те се открила нафтата и тоа било проследено со реконструкција на економијата која се базирала на нафтата. Денес, Катар има висок стандард на живеење и една од најбогатите земји во светот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Религија

Исламот е доминантна религија во Катар со околу 77.5% од населението. Од муслиманското население, сунити се околу 98%. Останатиот процент од населението се христијанишиити,хиндуси и будисти. Хиндусите се скоро сите од Индија, додека будистите се од јужна, југоисточна и источна Азија.

 

Население

Поголемиот дел од населението се етнички арапи. Покрај арапите, има и население од останати националности кои мигрирале во Катар за да работаат во нафтената индустрија. Арапскиот јазик е официјален јазик, но англискиот е исто така многу зборуван во Катар. Покрај овие два јазика во Катар се зборуваат и хинди јазикпаштомалајаламурду и други.