top of page
316312219_6252291954782350_6114649321099062569_n.jpg

                                     

Супериорниот образовен систем, разновидните студиски програми по пристапни цени и дипломи кои отвораат врати низ целиот свет- ја прават Германија посакувана дестинација на нашите студенти.

Може да студирате на германски или на англиски јазик.

Претставници сме на голем број универзитети кои нудат најразлични студиски програми.

Студентите од ЕУ имаат право да работат 20 часа неделно додека студираат а студентите од земји кои не се членки на ЕУ смеат да работат полно работно време 120 дена во годината или 240 дена скратено работно време, без аплицирање за работна дозвола.

По завршувањето на студиите, студентите можат да ја продолжат дозволата за престој до 18 месеци за да најдат работа по струката и да останат да живеат и работат во Германија.

Повеќето универзитети имаат 3 уписни рокови: март, јули и септември. Академската година има 2 семестри.

Врвен квалитет на образованието и наставните методи

Германија е позната по својот супериорен образовен систем, одлично рангираните универзитети и студиските програми кои на студентите им овозможуваат најсовремено теоретско и практично знаење. Универзитетите нудат најразлични студиски програми од сите области, бројни специјализации кои овозможуваат студентите да се стекнат со широки познавања.

Школарини и стипендии

Студентите кои избрале да студираат во Германија имаат можност да добијат некоја од многуте стипендии што ги нудат државните и приватните универзитети.

bottom of page