top of page

ГЕРМАНИЈА

ФРАНКФУРТ

 

Франкфурт е синоним за економски центар кој изобилува со интересни места за исполување на слободното време.Градот располага со огромни прекрасно уредени паркови, а при прошетките покрај бреговите на реката Меин ќе се сретнете со патувачки циркуси, музичари, уметници, актери и слично.

Можете да присуствувате на еден од многубројните фестивали кои се организираат во стариот дел на градот. И покрај многуте занимливости, изучувањето на јазикот нема да Ви биде на заден план. Јазичните центри нудат огромен избор на курсеви за изучување на германскиот јазик почнувајќи од стандардни до специјализирани курсеви, кои се одржуваат во погодни за Вас термини. Богатиот мултимедијален центар ви дава можност повеќе за усовршување на јазикот.

Попладневните прошетки се состојат од посети на традиционалните германски ресторани и кафулиња, 10-катните шопинг центри, дегустација на се попопуларното јаболково вино и слично. Програмата вклучува и екскурзии до Хапделберг и Келн еднаш неделно.

 

Цени од 600 евра

 

 

ОБЕРСЕВЕЛ

 

За разлика од останатите европски држави, Германија неможе да понуди јазични курсеви на море, но затоа пак пре-красните планини не отстапуваат од редот на популарниместа за летен одмор. Овде се нуди уникатен летен курс со престој во автентичен средовековен замок како на пример “Шонберг“. Целиот курс се одржува во замокот со што може да се гарантира учење, забава и игри во безопасна средина. Курсевите ги посетуваат млади од целиот свет вклучувајќи ja и Германија. Студентите имаат можност да стекнат пријателства од целиот свет и успешно да го практикуваат јазикот.

 

Во програмата се вклучени целодневни и полудневни екскурзии до Франкфурт, Бон и други градови. Спортскиот и социјалниот дел од програмата вклучува кошарка, одбојка, пливање, кино и друго.

 

  • Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден вовреметраење од 45 минути),

  • Tестови и сертификат за завршен курс како и сите потребни материјали за курсот

  • Сместување и храна на база полн пансион.

  • Една целодневна и една полудневна екскурзија еднаш неделно за посета на знаменитости во градот и регионот

 

 

Цени од 600 евра

bottom of page