МАЛТА
Фактот шти има 330 сончеви денови годишно, убави средоземноморски плажи и официјален јазик –Англиски, ја прават Малта едно од најпопуларните места за летни јазични курсеви за сите возрасти. Времето тука поминува неосетно низ многу забавни игри, екскурзии, дружења со курсисти од целиот свет, а усовршувањето на јазикот доаѓа само по себе. Кон сето ова може да се додадат и плажите, пливање, курсеви по нуркање, сурфање, скијање на вода, клубови, забави, караоке и што уште не.
Паралелно со ова можете да изберете стандарден или специјализиран курс по англиски јазик. Училиштето се наоѓа во малиот град Слиема, а програмата вклучува и екскурзија до главниот град Валета, до Грaд на тишината Мeдина и др.
Цени од 600 евра
-
Цената вклучува:Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути),
-
тестови и сертификат за завршен курс
-
Сместување и храна според Вашиот избор.
-
Организирана една полудневна или целодневна екскурзија неделно, спорт и рекреации.
-
Транспорт од и до аеродром