ИТАЛИЈА
РИМ
Град каде во секој негов дел се крие по некоја знаменитост и секоја втора улица е уникатна сама по себе. Гостопримството на Римјаните е олицетворение на Италија. Посетување на курс во Рим е идеално место за љубителите на историјата. Секој учесник на курсевите во Рим може да се вклучи во дополнителни програми заедно со новите пријатели од целиот свет. Изборот е навистина голем: видео сала со најновите и најпопуларни италијански филмови, концерти, спортски настани и друго.
Самото училиште ви нуди богата програма за слободното време. Секој месец се прави календар со планираните активности и забави.
САЛЕРМО
Летните курсеви во средоземноморскиот град Салермо се нешто кое не треба да се испушти. Прекрасната околина, синото небо, летното сонце создаваат атмосфера на неповторлив одмор. Морето е топло и мирно, а песокот ситен и бел. Салермо е одлично место за сите љубители на плажа, сонце, водени спортови и романтични вечери. Тука нема да видите руини од римската империја, но затоа можете да уживате во сурфање, скијање на вода, неверојатна италијанска кујна во прекрасните мали семејни ресторани кои се наоѓаат на самиот морски брег.
Италијанскиот јазик овде ќе го изучувате лежерно а наученото ќе можете да го користите во секојдневна комуникација со тамошното население, затоа што италијанците ретко говорат странски јазик. Имате и единствена можност да научите како се приготвуваат познатите италијански специјалитети со тоа што ќе се вклучите во курсевите за готвење.
ЛИЈАНО
Јазичниот кампус во градот Лијано е еден од најголемите во Европа. Освен изучување на италијански јазик за студенти од странство, овде се практикува и изучување на англиски и германски јазик за италијанските деца. Кампусот се наоѓа на еден од најубавите заливи на јадранското крајбрежје. Целиот кампус е одделен од останатите туристички објекти со 24 часовно обезбедување. Наставата се одржува во утринските часови, а попладнето е исполнето со спортски активности, разни работилници, екскурзии и слично. На располагање се и четири базени, игралишта за фудбал, одбојка, тенис, кошарка и друго. Во кампусот престојуваат и деца од Италија, со што курсистите имаат можност во целост да го практикуваат италијанскиот јазик.
-
Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути);
-
тестови и сертификат за завршен курс како и сите потребни материјали за курсот;
-
Сместување и храна на база полн пансион;
-
Една целодневна и една полудневна екскурзија еднаш неделно за посета на знаменитости во градот и регионот;
-
Здравствено осигурување и 24 часовна грижа од страна на медицински персонал.
Цена од 600 евра