top of page

ШПАНИЈА

МАЛАГА

За љубителите на сонцето и одмори на море името на ова шпанско гратче е добро познато. Малага е една од топ 10-те летни европски дестинации. Долгата летна сезона и типичната шпанска атмосфера е привлечна за илјади посетители на курсеви. Тука лесно може да се направи спој од полезното и пријатното: изучување на шпански јазик,нови пријателства, забави и одмор. Освен прекрасни плажи овде може да се видат и прекрасната специфична шпанска архитектура и спокојство.Преку ден можете да уживате во тишината, додека во вечерните часови Марбеља прераснува во град со разновиден ноќен живот. Во програмата еднаш неделно е вклучена и екскурзија до интересни објекти и знаменитости како и различни спортскиактивности. Марбеља се нарекува и град на искушението па бидете подготвени. 

 

 

 

БАРСЕЛОНА  

Еден од најмаркантните европски градови кој со својата историја, знаменитости, прекрасни плажи привлекува милиони туристи годишно. Градот се наоѓа во областа Каталонија, во кој се зборува специфичниот “Каталонски“ јазик. Во јазичните центри во Барселона, наставата сепак се одвива врз основа на класичнот шпански јазик. Програмата претставува баланс помеѓу посетување на настава и организирани забавни активности. Програмата вклучува посетување на знаменитости и музеи во Барселона, полудневни и целодневни екскурзии во Тарагона, паркот Гоељ и друго. Оние пак кои се љубители на фудбалот имаат можност да следат натпревари во познатиот стадион Ноу Камп.

 

 

Цена од 500 евра.

 

Цената вклучува:​

  • Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраењеод 45 минути), 

  • тестови и сертификат за завршен курс;

  • Сместување и храна според ваш избор

  • Посета на знаменитости градот и регионот како и спортски активности

  • Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути),

  • тестови и сертификат за завршен курс; 

  • Сместување и храна според ваш избор

  • Посета на знаменитости градот и регионот како и спортски активности

bottom of page