top of page

ФРАНЦИЈА

АНТИБ 

 

Градот Антиб e едeн од најпопуларните летувалишта на Француската Ривиера.Од Ница е одалечен 25 километри.

 

Летните курсеви кои се одржуваат овде нудат квалитетна настава по француски јазик во уникатна и релаксирачка атмосфера во ова крајморско гратче кое исто така нуди разновидни водени и рекреативни активности (спортски игри, тематски игри, караоке, скара на плажа, водни спортови) кои се организираат и се во придружба на стручни педагози, инструктори и аниматори. На овој начин, учесниците на курсевите неосетно го учат францускиот јазик и изградуваат трајни пријателства со нивни врсници како од Франција така и од цела Европа.

 

Предноста на Антиб се состои во тоа што претставува мал и спокоен град во кој не е потребно да се употребува градски транспорт. Во програмата се вклучени посети на Монако, Ница, Кан и други околни градови.Centre International d’Antibes e основано во 1985 година и е едно од водечките училишта за изучување на Француски јазик за странци.Јазичниот центар се наоѓа на азурниот брег, на 25 км од ница.

 

 

НИЦА 

 

Училиштето се наоѓа во близина на катедралата Нотр Дам, 10 мин од плажа. Во зградата има 12 модерно опремени училници, библиотека, интернет сала и салон за одмор.Постојат 2 опции за сместување-во студентски дом или во семејства.

 

Студентскиот дом се наоѓа во центарот на градот на само 10 минути пешачење од јазичниот центар.Семејството се специјано избрани од училиштето. Има можност за сместување во двокреветни соби, на база полн пансион. Оддалеченоста до плажа и центарот е 10-30 мин транспорт.

 

Ница, престолнината на Азурниот брег, се наоѓа на бреговите за Заливот на Ангелите и е заобиколена од приморските Алпи. Шестиот по големина град во Франција и најголемата француска ривиера е многу погоден за летен јазичен курс, каде покрај изучувањето на јазикот и запознавањето на културата. Ви се нуди можност и за уживање на плажите и во најразличните водени игри и забави. Курсевите кои се организираат овде се нудат исклучиво за тинејџери на возраст од 16 до 18 години.

 

Самото школо се наоѓа во центарот на градот, на 10 минути од плажата и претставува идеално место за одмор. Освен различните екскурзии низ Ница, во програмата се вклучени и полудневи и це-лодневни екскурзии до Монако, Кан, Антиб и други. Како дополнение, се организираат и тематски забави, музика во живо, забави на плажа и друго.

 

Цени од 700 евра

 

Цената вклучува:

 

  • Јазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути),

  • тестови и сертификат за завршен курс како и сите потребни материјали за курсот

  • Сместување

  • трансфер од/до аеродромот

  • Една целодневна и една полудневна екскурзија еднаш неделно за посета на знаменитости во градот и регионот (Кан, Монако или Антиб)

  • активности спорт, пливање, култура, вечерни активности, и сл.

 

 

bottom of page