top of page
save.webp

СТУДИИ ВО КАНАДА

                          Курсеви по англиски во Канада

Курсевите по англиски јазик се идеална опција за идните меѓународни студенти, мигранти или работници кои имаат намера да студираат, живеат и работат во Канада, но не се сигурни во нивните јазични вештини.

Курсевите се нудат на приватните и државните колеџи и универзитети.

Типови на курсеви

  • Основно ниво - Наменети за почетници и оние кои сакаат да ги подобрат своите јазични вештини за секојдневна употреба, патување или работа.

  • Академско ниво - Наменети за оние кои сакаат да студираат на некои од канадските универзитети или колеџи и во овој поглед сакаат да се подготвуваат за своите идни студии.

  • Бизнис ниво - Наменети за оние кои сакаат да ги подобрат своите знаења и нивната способност за комуникација во деловно опкружување.

  • Подготовка за полагање на меѓунаордни тестови - Наменети за студенти кои сакаат да полагаат еден од меѓунаордно признатите тестови по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски (DALF / DELF).

Во зависност од потребите на студентите, курсевите по англиски или француски јазик можат да траат од четири недели до една година. Многу школи нудат летни и зимски кампови, како и homestay програми (сместување и учење во рамки на канадско семејство), кои се особено популарни кај помладите студенти.

Цена на курсевите

Цената на курсевите зависи од типот и должината на курсот како и од образовната институција. Просечната неделна цена на курсевите се движи од 250КАД до 350КАД.

Услови и предности на посетувањето на јазични курсеви во Канада

  • За упис не постојат одредени услови и не е потребно полагање на меѓународен тест по англиски или француски јазик. 

  • За курсевите кои траат до шест месеци потребна е туристичка виза, а за оние над шест месеци студентска виза.

  • Доколку не сте сигурни во своето познавање на англискиот или францускиот јазик или не сте полагале некој од меѓународните тестови за упис на студии, овие курсеви се идеална опција за вас.

  • Динамичката активност на мултикултурна средина ќе ви помогне да го научите јазикот побрзо и подобро отколку на класичните курсеви во вашата земја.

  • Можете да го користите периодот за учење на јазик за да се прилагодите на новиот начин на живот и новата средина, ако подоцна планирате да работите или студирате во Канада.

  • По завршувањето на курсот, можете да ја продолжите студентската виза од Канада и да продолжите со студиите.

 

 

Факултети (додипломски студии) во Канада 

Основните студии во Канада се нудат на универзитетите, како и на некои приватни и државни колеџи и институти. Канадските универзитети и колеџи нудат над 15,000 различни студиски програми. Во зависност од студиската област, основните студии траат од три до четири години.

Школарина за основни студии

Школарината за основните студии во Канада зависи од студиската програма и одбраната образовна институција. Цените се движат од 15,000КАД до 35,000КАД годишно. Школарините за општествените науки се пониски отколку за студии во областа на инженерството и медицината.

Услови и предности на основните студии во Канада

  • Услов за упис на основни студии е завршено средно образование.

  • Во зависност од провинцијата во која сакате да студирате, потребно е да положите тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAE) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, студиската програма и установата. За програмите на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6 на IELTS тестот или 80 на TOEFL IBT.

  • Главната предност на основните студии е високиот квалитет на образованието.

  • Дипломите и квалификациите кои што ќе ги стекнете се признати секаде во светот.

  • Со студентската виза, вие и вашиот партнер/ка имате право да работите за време на студиите, а по завршувањето на студиите имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза која ви овозможува да живеете и да работите во Канада одреден временски период.

  • Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.

 

 

Мастер студии во Канада

Мастер студиите се нудат на приватните и државните универзитети во Канада и траат од една до две години.

 

Школарина за мастер студии

Висината на школарините за мастер студиите во Канада зависат од типот на студиската програма и универзитетот, а се движат од 20,000КАД на годишно ниво.

 

Услови и предности на мастер студиите во Канада

Услов за упис на мастер студии во Канада, се заврши основни студии.

Во зависност од провинцијата во која сакате да студирате, потребно е да положите тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAE) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, студиската програма и установата. За програмите на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6.5 на IELTS тестот или 84-88 на TOEFL IBT.

Главната предност за посета на магистерски студии во Канада е високиот квалитет на образованието, развојот на критичко размислување и аналитички вештини преку истражувачките проекти и стекнување квалификации признати ширум светот.

Во текот на студиите со студентскат виза, вие и вашиот партнер/ка имате право на работа, а по завршувањето на студиите, имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза која ви овозможува да живеете и да работите во Канада до две години.

Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.

 

 

 

Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma во Канада

Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma се студиски програми кои што се нудат на одредени колеџи и универзитети во Канада.

Graduate Certificate и Diploma може да запишат студенти кои имаат завршено основни студии. Овие студии се сметаат како специјализација по завршувањето на основните студии.

За разлика од Мастер студиите кои се засноваат на истражување и теоретско продлабочување на науката, Postgraduate Certificate и Diploma се професионално ориентирани. Тие се наменети за студенти кои сакаат да го надополнат стекнатото знаење на основните студии или да го прошират на сродни полиња на студии, со цел да го олеснат наоѓањето на работа и професионалното напредување.

Школарина за Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma

Овие програми се разликуваат од институција до институција, пa така и школарината зависи од избраната програма, институцијата и бројот на семестри. Цените на Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma се генерално поповолни од Мастер студиите.

Услови и предности на Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma

  • Услов за упис на основни студии се завршени основни студии.

  • Во зависност од провинцијата во која сакате да студирате, потребно е да положите тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAE) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, студиската програма и установата. За програмите на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6.5 на IELTS тестот или 84-88 на TOEFL IBT.

  • Предноста на овие програми е нивната професионална ориентација и обезбедување на специфични професионални вештини, што ќе ви помогне да ја унапредите вашата идна кариера.

  • Овие програми ќе ги завршите побрзо и полесно од Мастер студиите.

  • Чинат помалку од Мастер студиите.

  • Со студентската виза, вие и вашиот партнер/ка имате право да работите за време на студиите, а по завршувањето на студиите имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза која ви овозможува да живеете и да работите во Канада одреден временски период.

  • Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.

 

 

Докторски студии во Канада

Докторските студии се највисок степен на образование во Канада и траат најмалку три години. За поединечни студиски програми докторските студии траат и до шест години.

Школарина за докторски студии

Школарината за докторските студии зависи од студиската област и универзитетот, а во просек се движи од 10,000КАД до 20,000КАД на годишно ниво. На University of Toronto меѓународните студенти плаќаат иста цена на студии како и домашните студенти.

Услови и предности на докторските студии во Канада

  • Условите за упис на докторски студии во Канада се завршени мастер студии, положен тест на англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски јазик, како и избор на ментор и тема за докторска дисертација.

  • За надарените студенти на додипломски студии, канадските универзитети имаат специјални програми (Non-Terminal Programs) кои се комбинација на мастер и докторски студии.

  • Поради значителните средства што ги инвестира во високото образование, преку стипендии и истражувачки проекти, Канада е земја на одлични можности за идните докторанти, истражувачи и научни работници.

  • Високиот квалитет на образование е загарантиран, а квалификациите се признати ширум светот.

  • Со студентска виза, вие и вашиот партнер/ка имате можност да работите за време на студиите.

  • По завршувањето на студиите, имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза, што ви овозможува да живеете и да работите во Канада до три години.

  • Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.

 

 

Студентска виза за Канада

За да студирате во Канада било која студиска програма што трае подолго од шест месеци, потребна ви е студентска виза.

Услови за студентска виза

  • Да сте запишале студии на некоја од канадските образовни институции и да имате Letter of Acceptance

  • За оние кои сакаат да студираат во Квебек потребен е сертификат за прифаќање (Certificat d'acceptation du Québec (CAQ)), кој го издава Министерството за имиграција на Квебек.

  • Да планирате да останете привремено во Канада.

  • Да имате доволно финансиски средства за трошоците на студирање и престој за време на првата година на студирање во Канада.

  • Да исполнувате други услови кои се однесуваат на познавање на јазици, биометриски податоци, здравствена состојба, осигурување и карактер.

Што овозможува студентската виза

Со студентската виза можете да студирате студиска програма на било која канадска образовна институција која се наоѓа на листата на Designated Learning Institution (DLI). Студентската виза ви овозможува да ги додадете своите членови на семејството (партнер/ка и деца), како и да работите и вие и партнерот. Студентот обично добива можност да работи пола работно време, до 20 часа неделно во текот на наставата, а за време на распустите полно работно време. Со одредени опции на студирање партнерот може да аплицира за open work permit и да работи full time.

Времетраење на студентската виза

Студентската виза се издава за времетраење на студиите и важи 90 дена по завршувањето на студиите.

Аплицирање за студентска виза

За студентска виза може да се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Канада или во најблискиот Visa Application Centre (VAC) кој се наоѓа во повеќето земји.

Такса и време на обработка

Таксата за обработка на апликацијата за студентска виза изнесува 150КАД, а се плаќа додатна такса во износ од 85КАД за биометриски податоци кои се даваат во најблискиот Visa Application Centre (VAC). Просечното време на обработка е околу 5 недели.

Дел од нашите партнер универзитети и колеџи од Канада
Acsenda School of Management

Alexander College

Algonquin College

Arbutus College of Communication Arts, Business & Technology

Bow Valley College

Cambrian College of Applied Arts and Technology

Canadore College (North Bay)

Canadore College (Toronto)

Conestoga College

Confederation College

Crandall University

Douglas College

EC English

Fanshawe College

Fraser International College

Global Village English Centres - Canada

Great Plains College

Greystone College of Business and Technology Toronto ILSC

Greystone College Vancouver ILSC

Humber College Institute of Technology and Advanced Learning

International College of Manitoba

Keyano College

Kwantlen Polytechnic University

Lakehead University

Langara College

Lethbridge College

Medicine Hat College

Niagara College

Norquest College

North Island College NIC

Northern Lights College

Pacific Language Institute

Red Deer College RDC International

Royal Roads University

Royal Roads University

Royal Roads University (Study Group)

Royal Roads University International Study Centre (Study Group)

Saskatchewan Polytechnic

Sault College

Seneca College

St. Lawrence College of Applied Arts and Technology

Stenberg College

The Centennial College of Applied Arts and Technology

The Sir Sandford Fleming College of Applied Arts and Technology

The University of Regina

Toronto School of Management TSoM

Trent International, Trent University

University Canada West

University of the Fraser Valley

Vancouver Community College VCC

Vancouver Island University

Copyright: Asteria World Work Jan 2018

bottom of page