AU PAIR во САД
Au Pair во САД е целогодишна програма за девојки од 18-26 години кои имаат искуство и сакаат да се грижат за деца. На уникатен начин ја отвора пред апликантите и можноста да се заработат,да патуваат, да го усовршат англискиот јазик и да се здобијат со незаборавно животно искуство.
Со оваа програма добивате единствена можност :
-
за авантурата на вашиот живот;
-
да стекнете нови пријатели од целиот свет,
-
да живеете со американско семејство;
-
да се грижите за деца;
-
да изучувате нешто ново;
-
да го подобрите англискиот јазик;
-
откривање на САД;
-
да заработите повеќе од 900 долари месечно.
Вистинско искуство на културна размена:
Не само што ќе ја запознаете културата на САД, туку ќе запознаете и многу други култури преку пријателствата што ќе ги стекне за време на претстојот.
Ќе бидете една од 4000 Au pairs од преку 50 држави кои патуваат во САД секоја година.
Претстој:
Семејствата се внимателно избрани и лично интервјиирани од советник на Au Pair програмата, ..Престојот од една година кај американско семејство ќе ви овозможи да ја запознаeте американската култура и начин на живеење.
‘Аu pair’ значи ‘еднакво’ , а вие ќе бидете токму тоа- рамноправен член на семејството, во една од 37 држави на САД. Семејството ќе ви обезбеди сопствена соба, сите оброци и пристап до транспорт за вашите часови од курсот кој вие ќе го изберете. Запомнете: Вие сами го избирате семејството.
Грижа за деца: 45 часа неделно, не повеќе од 10 часа дневно, за што се добива неделен џепарлак од 197-500 долари.
Пример задачи на бебиситерката:
• Прошетки со децата, нивно облекување, капење играње со нив;
• Подготвување оброци за нив, местење на детските кревети;
• Возење на децата до училиште или до други активности
• Помош околу домашните задачи на децата;
• Чување на децата навечер кога родителите се излезени и сл.
Сите работни задачи се во врска со децата. Од бебиситерката не се очекува да извршува потешки задачи во домот.
Важно:
Вие сами ги договарате работните задачи и распоредот со семејството. Доколку не ви се допаѓаат условите кои ги нуди едно семејство, имате право да не ја прифатите нивната понуда и да контактирате и со други семејства.
Студирање:
Семејството ќе ви плати 500 долари годишно за посета на курс /колеџ по ваш избор.
Вие сами ќе одлучите дали ќе се запишете на локален колеџ, курсеви по ваш избор (изучување на англиски или некој друг јазик, грнчарство, сметководство и сл) или пак ќе изберете online курсеви на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес.
Тоа е одлична можност да го запознаете американскиот студентски живот и да го подобрите вашето резиме.
Патување:
2 недели платен одмор годишно, слободни викенди и дополнителен слободен месец по завршувањето на вашиот договор.
Исто така, ќе ги придружувате семејствата на нивните викенди надвор од градот, летувања, зимовања во САД и во други држави!
Виза
Се аплицира за Exchange Visitor J-1 visa .
Сите потребни документи за виза ги испраќа спонзорот од САД
Бебиситерката е покриена со основно здравствено осигурување. Има можност за доплата и надградување на основното осигурување.
Локална 24 часовна подршка
од советник за програмата 24/7, како и бесплатен телефонски број за барање совет или помош.
Програма за запознавање
По пристигнувањето во САД, се организира 4 дневна тренинг програма во хотел во Њу Јорк како и рaзгледување на Њу Јорк. Сите трошоци за сместувањето, авио билет до Њу Јорк и до крајната дестинација-семејството, храна и разгледување на Њу Јорк ги покрива спонзор организацијата од САД.
Нашите советници:
Во секоја област (од вкупно 180) има локален советник и претставник на Аu Pair in USA програмата. Тие се тука за да се осигураат дека и на вас и на семејството ви е удобно заедно и дека успешно соработувате. Тие исто така ви помагаат да се запознаете и да се дружите и со другите бебиситерки од тој регион.
Кои се условите за аплицирање?
-
Возраст од 18 до 26 години
-
минимум средно образование
-
искуство со чување на деца
-
Познавање на англискиот јазик на ниво на комуникација
-
Поседување на возачка дозвола
-
Желба да се помине една година со американско семејство
-
Желба за патување и прилагодување кон потребите на семејството
Кои документи се потребни?
-
Пополнета апликација (кај нас во канцеларија);
-
Копии од завршено образование;
-
Копија од возачка дозвола;
-
Уверение за неосудуваност;
-
Копија од пасош;
-
Писмо до идното семејство домаќин;
-
Фотографија со децата кои сте ги чувале;
-
1 фотографија пасошки формат;
-
2 препораки;
-
Потврда од факултет (ако сте студент)
The time of your life starts here!