top of page

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

БРАЈТОН 

 

Велика Британиjа е најсоодветниот избор за оние кои се заинтересирани за изучување на класичниот британски англиски јазик. Курсевите во крајбрежниот град Брајтон се спој од забава во летните кампови со класично изучување на англискиот јазик.Наставата трае по неколку часа дневно, а после тоа јазикот се практикува со организирање на спортски настани, екскурзии или забави.Основна предност на Брајтон е тоа што се наоѓа на еден час оддалеченост од Лондон, што претставува лесен пристап до градот и организирање на екскурзии за посета на знаменитости. Програмата секоја недела вклучува и една целодневна и една полудневнаекскурзија до Лондон и други блиски градови. Во слободното време се организираат спортски активности како пливање, кошарка, фудбал, одбојка, скара на плажа, посета на кино, куглање и друго.

 

ЛОНДОН

 

Лондон е еден од оние градови кои покрај својата специфична атмосфера и стилнуди и огромна разновидност. Најинтересна можност за да го запознаете градот е да изберете двонеделен курс во еден од многуте образовни центри.

Предавањата се одржуваат во утринските часови, додека пак попладневните часови се исполнети со посета на музеи и споменици кои вредат да се посетат. Навечер имате можност заедно со новостекнатите пријатели да ги посетите англиските пабови кои нудат квалитетни пива, вкусни јадења или пак популарните лондонски клубови.

Секоја недела во склоп на јазичнио курс се организираат и екскурзии и посета на интересни историски објекти во самиот град но и надвор од него.

 

 

ИСТБУРН

 

Истбурн е мал англиски град на јужното крајбрежје од островот карактеристичен по меката клима и одлични услови за летен одмор. Истбурн е мирно место, оддалечено од вревата на големите градови кадешто ќе се здобиете со класичното британско образование. Тука можете да се оддадете на вашите омилени водени спортови или едноставно да уживате на плажа.

Друга предност на Истбурн е тоа што е само на еден час оддалеченост од Лондон и гарантира квалитетно образование, мирна околина, уживање на плажа, многубројни ресторани покрај море.

Сето ова можете да го добиете по доста примамлива цена – значително пониска од големите градови. Таму курсевите не се чуствуваат како обврска туку повеќе како пријатна разноврсност на вашиот летен одмор.

 

  • Jазичен курс – 20 часа неделно (4 часа на ден во времетраење од 45 минути);

  • тестови и сертификат за завршен курс како и сите потребни материjали за курсот;

  • Сместување и храна на база полн пансион;

  • Една целодневна и една полудневна екскурзиjа еднаш неделно за посета на знаменитости во градот и регионот;

  • Пречек од и до аеродромот во Лондон.

 

Цени од 700 евра

 

 

bottom of page