top of page
Schloss-Schoenbrunn-in-Wien-_c_-VIENNA-SIGHTSEEING-TOURS-Bernhard-Luck.jpg

                                     

Студии во Австрија

Австрија е една од најпопуларните дестинации за студирање во Европа. Во Австрија има преку 75 високообразовни институции кои нудат над 2.100 студиски програми од сите области на студии. Студиите се организирани на англиски или на германски јазик. Високо квалитетните студиски програми, дипломи кои се ценети низ целиот свет и високиот животен стандард ја прават Австрија популарна дестинација за студирање со околу 80.000 интернационални студенти годишно.

Академската година во Австрија има два семестри и два уписни рокови, октомври и март.

Висок квалитет на образованието

Австриските универзитети се високо рангирани и нудат образование според најсовремените светски трендови. Академски и истражувачките програми, се фокусирани на практично учење и вештини, иновации, и врвни искусни предавачи. Австриските квалификации и дипломи отвораат бројни можности за успешна кариера во Австрија и ширум светот.

Можности за работа

Интернационалните студенти во Австрија имаат право да работат 20 часа неделно за време на студиите. Студенти кои доаѓаат од држави што не се членки на ЕУ треба да поседуваат работна дозвола. По дипломирањето, студентите имаат право да останат уште една година за да најдат работа во Австрија.

Можности за истражување

Австрија е една од центрите на иновациите. Образовниот систем на Австрија се темели на поврзаноста меѓу учењето и истражувањето. Австрија има богата историја на културни и научни достигнувања, од музиката, уметноста, природните науки .

 

Државата многу инвестира во истражувачката дејност и најголемо внимание се става врз развојот на истражувањето.

bottom of page