top of page
1440x810_cmsv2_289d33f1-1c26-5b27-89bc-e35e09883314-6832868.jpg

Студии во Холандија

Врвниот образовен систем , универзитети кои се ценети ширум светот, ја прават Холандија примамлива држава за многу интернационални студенти. За студентите се нудат околу 2000 студиски програми на англиски јазик а холанѓаните се познати по својата гостопримлививост.

Во Холандија има околу 80 универзитети кои нудат студии на англиски јазик. Академската година има 2 семестри а студиите почнуваат најчесто во септември и февруари.

Квалитетни студии

Холандскиот образование е високо рангирано а студиските програми се нудат на холандски и англиски јазик. Образовниот систем се карактеризира со најсовремени методи на учење и програми што ги следат иновациите. Образованието во Холандија е фокусирано на интеракција, тимска работа, истражување, развој на креативност, учење преку пракса и слично. 

Можности за работа

Студентите кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ можат да работат 16 часа неделно за време на нивните студии и полно работно време за време на летниот одмор. Треба да имаат работна дозвола. Студенти може да останат уште 12 месеци по дипломирањето за да најдат работа во Холандија.

Школарини и стипендии

Холандските универзитети нудат делумни стипендии. Интернационалните  студенти во Холандија може да добијат делумно или целосно стипендирање од самите универзитети, како и од приватни и невладини организации.

Можности за истражување

Една од целите на образованието во Холандија е инвестирање во истражувања и иновации. Истражувањата најчесто се вршат на универзитетите, но се вршат и во рамките на многуте  истражувачки институти.

bottom of page