Кредит од Штедилница ФУЛМ
Целна група
• За студенти на домашните и странски универзитети, студенти на постдипломски студии, студенти на докторски студии кои имаат потреба од целосно или делумно кредитирање на Work and Travel USA.
Износ на кредитот
• Максимален износ на кредитна изложеност по кредитна партија е 350.000 МКД - денарски кредит
Валута
• МКД: денарски кредит
(Кредитот има валутна клаузула само за заштита од девалвација)
Рок на отплата
• 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месеци
Каматни стапки
Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку сите јавни медиуми.
Потребно обезбедување
• Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)
Начин на плаќање
• Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) - за кредити со рок на отплата од 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци и
• Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот - за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци
Симулација на износи на кредит во МКД и услови на враќање
Надомест
• Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот
• Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит
• Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата за жирантот/ите
• Фотокопија од индекс на кредитобарателот (студентот)
• Целосно пополнети обрасци за кредит
Предност
• Исплата веднаш
• Не се наплаќа надомест за предвремено затворање на кредитот
• Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит