top of page

Систем за евиденција и следење на учесниците на Work and Travel за време на престојот во САД.  Документот SEVIS (Student Exchange Visitor Information System) мора да се предаде во Амбасадата на САД при аплицирање за виза. Секој апликант ќе добие ваков документ при предавањето на документите за виза во Амбасадата на САД во Р.Македонија.

 

За да имате безбеден и пријатен претстој во САД, од корист ќе ви бидат и следниве информации:

 

Кога ке пристигнете во САД мора да се пријавите кај вашиот спонзор кој ќе се осигура дека вашата адреса во САД е точно рефлектирана на SEVIS (Student Exchange Visitor Information). SEVIS системот покажува дека вашата виза е активна и дека сте легално присутни во САД и овластени да работите. Ако ја промените адресата на живеење додека сте во САД , мора да го контактирате вашиот спонзор за да се промени вашата адреса во SEVIS. Oва е важно за да останете во валиден статус на програмата со US Citizenship and Immigration Service за време на вашиот претстој.

 

По првото регистрирање, задолжително еднаш месечно ќе треба да се пријавувате кај вашиот спонзор.

 

Името на вашиот спонзор е напишано на вашот DS-2019 формулар. Од вашиот спонзор се бара да го надгледува вашиот прогрес и благосостојба додека сте во САД. Вие ќе ги имате сите телефонски броеви на кои може да го контактирате. 

 

Исто така, обезбедена е и локална подршка од координатори 24/7 за време на целиот претстој во САД.

 

 

 

 

bottom of page